За 5% поголема плата за државниот врв, пратениците и судиите Сител 23.01.2012

За 5 проценти ќе се зголемат платите на државниот врв, пратениците и судиите. Од јануари наредната година ќе се зголеми нивниот домашен буџет.

Поминаа измените на Законот за плати и надоместоци на избрани и именувани функционери, предложени од Владата, со кои се зголемуваат нивните месечни надоместоци.

Според новото покачување платата на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, од сегашните околу 78 илјади денари , ќе стигне до нешто повеќе од 82 илјади.

Премиерот Груевски ќе има приближно плата од 80 илјади денари.

Нето платата на претседателот на Собранието Вељаноски,која сега изнесува околу 88 илјади, со зголемувањето ќе биде над 92 илјади.

Тројцата потпретседатели на Собранието ќе имаат поголеми плати за околу 3800 денари. Нивната сегашни месечни примања се од 74 ди 77 илјади денари.

На контата на министрите и пратениците од идната година ќе има плус 4 илјади денари.

На нивната сметка сега месечно се слеваат од 63 до 67 илјади денари.

Платите на судиите кои се од 40 илјади денари до 70, ќе се покачат од 2 илјади до 3500 денари.

Инаку во Собранието поминаа и Законите за државни и јавни службеници без присуство на опозицијата.

Бојана Димитријевска

Извор

Коментари (1)

 

  1. Анонимен напиша:

    NELI MIN ZA ZDRAVSTVO KAZA OTI E KRIZA I LEKARITE DA NE BARAT POKACUVANJE,NI PARTICIPACIJA.SO OVA NIVNO POKACUVANJE SI IGRAAT MAJTAP SO NAS
    .DO KOGA KE TRPIME LEKARI?
    DOGA KE KAZEME DOSTA E SO ISMEJUVANJETO NA TELEVIZIJA I MAJTAPOT.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари