Соопштение за ЛКМ 01.10.2020
Почитувани,
Соопштението за ЛКМ од 18.09.2020, е заменето со дополнето Соопштение од 01.10.2020 година.
Допoлнувањето се однесува на начинот на продолжување на важење на специјалистичките извештаи:
“Поради тоа што здравствениот систем се уште не функционира на редовен начин и полн капацитет, па осигурениците не можат секојпат да дојдат до потребен слободен термини преку електронскиот систем. Важењето на специјалистичките извештаи/отпусни писма/конзилијарни мислења при
продолжување на боледување, продолжување на хроничната терапија и издавање на ортопедски помагала ќе се врши на следниот начин:
Од 01.10.2020 година со важност ќе бидат специјалистичките
извештаи/отпусни писма/конзилијарни мислења со датум не постар од 01.03.2019 година. Тоа значи дека осигурениците за да ги остварат
горенаведените права ќе биде потребно да ги обноват соодветните
специјалистичките извештаи/конзилијарни мислења. За отпусното писмо постаро од 01.03.2019 година ќе биде потребно да се достави соодветен специјалистичките извештај/конзилијарно мислење за остварување на горенаведените права.
Од 01.11.2020 година со важност ќе бидат специјалистичките
извештаи/отпусни писма/конзилијарни мислења со датум не постар од 01.06.2019 година. Тоа значи дека осигурениците за да ги остварат
горенаведените права ќе биде потребно да ги обноват соодветните
специјалистичките извештаи/конзилијарни мислења. За отпусното писмо постаро од 01.06.2019 година ќе биде потребно да се достави соодветен специјалистичките извештај/конзилијарно мислење за остварување на горенаведените права.
Од 01.12.2020 година со важност ќе бидат специјалистичките
извештаи/отпусни писма/конзилијарни мислења со датум не постар од 01.09.2019 година. Тоа значи дека осигурениците за да ги остварат
горенаведените права ќе биде потребно да ги обноват соодветните
специјалистичките извештаи/конзилијарни мислења. За отпусното писмо постаро од 01.09.2019 година ќе биде потребно да се достави соодветен специјалистичките извештај/конзилијарно мислење за остварување на горенаведените права.




