Сите настинки не се ковид, како да се лекуваат децата?

Лекарите велат дека родителите не треба да креваат паника, бидејќи сезоната на грипот и настинките е на прагот.

Не секоја покачена температура значи дека детето се заразило со КОВИД 19, велат лекарите кои апелираат до родителите да не се упатуваат веднаш кон ординациите, туку најпрво телефонски да се консултираат со матичниот доктор, кој треба да е достапен за своите пациенти, или да има друг лекар кој го заменува.Температурата значи дека има борба, се остава да се избори организмнот два три дена, но мора да се контактира со матичниот лекар, да се рехидрира детето…

Дел од родителите, особено за време на викенд, плашејќи се за здравјето на своето дете, се упатуваат во Клиниката за детски болести. Но, поради заштита на дечињата што се лекуваат во оваа болница, а имаат сериозни заболувања, сите пациенти со висока температура, според протоколот, се праќаат на преглед во Институтот во Козле, кој е и Ковид- центар.

Лекарите велат дека родителите не треба да креваат паника, бидејќи сезоната на грипот и настинките е на прагот, а симтомите на вирусните инфекции се слични на оние на коронавирусот.

https://kanal5.com.mk/site-nastinki-ne-se-kovid-kako-da-se-lekuvaat-decata/a439868

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари