Справување со Ковид 19 од аспект на физичко и ментално здравје
Почитувани,
Ви пишувам со молба за Ваша помош во споделување на линк за истражување поврзано со справувањето со пандемијата со Ковид 19 од аспект на физичката активност и менталното здравје. Ве молам
доколку сте во можност да ја споделите со Вашите колеги и соработници. Искуствата од здравствените работници ќе дадат значаен придонес во севкупните резултати.
Ве молам доколку сте во можност да одвоите 15 мин од Вашето време и да ја пополните анкетата на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSel8JrpSSG9-d9AJapwU2-k-edMtU5qg2NUD4L0pVW8VZyEsQ/viewform
Анкетата е дел од поголема интернационална студија која има за цел да утврди како луѓето реагираат на КОВИД 19 и однесувањето за време на изолацијата од аспект на физичката активност. Резултатите треба да ни да дадат насоки за ефикасно справување со пандемијата и последиците од неа, препорачувајќи форми на физичка активност
соодветни за секој поединец.
Студијата паралелно се спроведува во 13 различни земји од Азија, Европа и Северна Америка. Истата е раководена од истражувачки тим од Државниот Универзитет Охајо, САД. Во тимот од Македонија
е предводен од неколку професори од Универзитетот „Гоце Делчев“.
Анкетата е анонимна. Истата може да ја пополнат сите лица над 18 години, независно од здравствената состојба и степенот на физичка
активност/неактивност. Во насока на добивање на релевантни податоци, потребен е голем примерок на испитаници. Оттука, ќе ја цениме Вашата помош и во споделување на анкетата со Вашите семејства и блиски лица.
Однапред Ви благодариме за учеството и одвоеното време.
Со почит,
вонр. проф. д-р Билјана Попеска
Факултет за образовни науки
Универзитетски спортски центар
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип




