Соопштение за ЛКМ 29.07.2020
Почитувани,
На веб страницата на место Соопштение за ЛКМ од 25.06.2020 година , истакнато е дополнето-Соопштение за ЛКМ од 29.07.2020 год.
Измени во ова соопштенија се направени во делот на:
-издавање на боледување со лекарски преглед , освен за боледување од COVOD 19 ( со телефонско јавување),
-Продолжување на боледувањето по сите основи, Лекарската комисија на Фондот ќе го врши врз основа на приложената медицинска документација, а по проценка доколку има потреба и врз основа на непосреден преглед на осигуреното лице, освен за лицата заболени од Коронавирусот ( COVID-19).
-Лекарскиот преглед на осигуреникот заради продолжување на боледување, ЛК на Фондот врши со закажување на термин за преглед.
- работа на здравствената установа без комплетен тим само во услови кога медицинската сестра е во изолација или на боледување од COVID 19,
- Продолжено е важењето на специјалистичките извештаи,отпусни писма, конзилијарни мислења до 31.08.2020 год.
- Со Одлука на УО утврден е начинот на продолжување на двојазичниот образец за новата учебна година на студентите кои се на школување во странство




