Продолжување на важност на специјалистичките извештаи
Почитувани,
На веб страницата на Фондот на местото на Соопштение за ЛКМ од 13.05.2020 година, ставено е дополнето Соопштение за ЛКМ од 02.06.2020 година. Измена е направена во делот на важењето на специјалистичкиот извештај/отпусно писмо/конзилијарно мислење:
“Важење на специјалистички извештај, отпусно писмо, конзилијарно мислење
Поради продолжување на вонредната состојба и понатаму нема да има потреба да се упатува осигуреното лице на повисоко ниво на здравствена заштита, заради остварување на одредени права од здравственото осигурување. Тоа значи дека сите специјалистички извештаи, конзилијарни мислења и отпусни писма издадени во 2019 година ќе продолжат да важат и по завршување на вонредната состојба, односно додека важат времените мерки и тоа за остварување на следните права:
– продолжување на боледување до 30.06.2020 година.
-продолжување на хроничната терапија до 31.07.2020 година
– издавање на ортопедски помагала до 31.07.2020 година.“




