Матичните лекари бараат изземање од постапката за тестирање на населението, МЗ регистрира нови 2 смртни случаи и 41 позитивен на корона

Двајца помлади пациенти починаа како последица на коронавирусот. Во изминатите 24 часа регистрирани се 41 новозаразен, со што вкупниот број во моментот во Македонија изнесува 1367.

 36-годишниот пациент кој почина е од Гостивар и освен обезност немал други коморбидитети. Тој бил хоспитализиран на Инфективна во Скопје и имал тешка клиничка слика.

25-годишниот пациент, пак, починал пред два дена, а неговиот втор постмортем тест бил позитивен. Тој е од Скопје и имал Даунов синдром, што е прв ваков смртен случај во Македонија.

Статистиката на Министерството за здравство покажува и дека оздравени се 37 пациенти.

Според здравство, во изминатото деноноќие направени се рекордни 728 теста.

А во меѓувреме, во Дебар почна тестирањето на населението. Тоа ќе го спроведуваат матичните лекари, а дел од нив веќе повикале пациенти за земање примерок за анализа, дел, пак, тоа ќе го направат од понеделник.

Од Здружението на приватни матични лекари не се согласуваат со овој начин на тестирање бидејќи, според нив, во ризик се става примарното здравство, а со тоа и целото население на Дебар.

-Ние се плашиме бидејќи во Дебар има три нови случаи. Што ако кај секој матичен доктор дојде по еден позитивен пациент. Тогаш цело примарно здравство би требало да отиде во изолација. Во Дебар има доволно екипираност, има епидемиолошка служба, медицински сестри, лаборанти, специјализанти кои што не одат на специјализација, толкку многу кадар има што можеше многу порационално да се искористи, вели претседателката на Лекарската комора, Лилјана Чокалова – Дервишева.

Чолакова појаснува дека матичните во Дебар се многу возрасни, затоа и треба да се внимава на нивното здравје. Според неа, ваквиот начин на тестирање дополнително ќе го оптовари јавниот здравствен систем.

https://sitel.com.mk/matichnite-lekari-baraat-izzemanje-od-postapkata-za-testiranje-na-naselenieto-mz-registrira-novi-2

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари