Тодоров начека празни ординации – Нова Македонија 14.01.2012
Две ординации без лекари начекал министерот за здравство Никола Тодоров при вчерашната ненајавена посета на поликлиниката „Бит-пазар“. Тој смета дека нема проблем со воведените новини за упатување на пациентите, но дека има организациски пропусти.
Едниот лекар што не бил во ординација порано заминал дома, а другиот имал здравствени проблеми и не се појавил на работното место. Министерот им порачал на директорот на поликлиниката и на другите директори на здравствените домови да ги казнуваат ваквите практики.
Тодоров заклучил дека вработените не се преоптоварени со работа, односно немаат повеќе од 400 први прегледи за десетина дена.
– Генерално, кога станува збор за новиот концепт на упатување сé уште има понекоја непознаница. Сепак, голем дел од даденото упатство е совладан и се применува – оцени Тодоров.
Министерот додаде оти во почетокот оваа реформа може да предизвика определени тешкотии или нејаснотии во функционирањето, но изрази задоволство од тоа како функционираат измените.
Оваа реформа во здравството треба да ги растовари клиниките од пациентите што можат да добијат квалитетна здравствена услуга во болница или во поликлиника. Фондот за здравство, в понеделник, на својата веб-страница ќе ги објави листите на чекање во скопските поликлиники, Градската болница „8 Септември“ и клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, како и телефоните за закажување услуги. Според листите, пациентите ќе може да видат каде најмалку ќе чекаат.
Н.Б.З.
Коментари3 коментари





Isto i direktorot na Zdraven Dom Gevgelija kojznae od koga nema otideno na rabota.Treba slika da ostavi za da ne go zaboravat kolegite kako izgleda.
ministerot se grizi za redovnosta za rabota a za redovnosta na isplata na kapitacija i celi
Neka proveri ministerot dali direktorot odi na rabota