Потсетување за пропишување на потврда за ортопедско помагало

Почитувани,

Со воведување на новиот начин на пропишување на потврдите за потреба од ортопедски помагала, често се случува  избраниот лекар потврдата да  ја даде на рака на осигуреното лице и истата да  ја прати на мејл во подрачната служба на Фондот. При тоа настанува проблем, бидејќи електронски доставената потврда за потреба од ортопедско помагало, одговорното лице во Фондот веќе ја има заверено, а потоа осигуреникот доаѓа во Фондот и бара повторно да се направи заверка. Поради тоа потребно е да им укажете на избраните лекари  дека:

Со цел да се избегне посета на осигуреното лице  кај избраниот лекар, заради подигање на потврда за потреба од ортопедско помагало, Фондот овозможи  пропишувањето на помагалото да се врши  врз основа на телефонско јавување на осигуреното лице.  Потврдите за потребата од ортопедско помагало скенирани, избраниот лекар ги доставува  електронски на  посебна е-маил адреса кај одговорно лице во подрачната служба на Фондот. Доколку осигуреното лице за прв пат остварува правото на ортопедско помагало, или има нов специјалистички извештај, избраниот лекар треба истиот да го достави  скениран заедно со пропишаните потврди.

Од тука произлегува дека пропишаната потврда за потреба од ортопедско помагало не треба да му се дава на рака на осигуреното лице ( доколку осигуреното лице е во посета на избраниот лекар), туку истата  избраниот лекар  треба само да ја испрати  електронски на  посебна е-маил адреса кај одговорно лице во подрачната служба на Фондот.

Обврска на избраниот лекар е на потврдата за потреба од ортопедско помагало, задолжително  да го евидентира телефонскиот број за контакт на лицето. Одговорното лице кое ја направило заверката на потврдата,  по  телефон ќе го извести осигуреникот да дојде во подрачната служба да ја подига заверената потврда , или ќе  испрати смс порака со наведување на  бројот на заверената/те потврда/и.

Одговорното лице од Фондот потврдите за потребата од ортопедско помагало пристигната електронски од избраниот лекар ги заверува во системот на Фондот. За заверената  потврда Фондот го известува осигуреното лице  на оставениот контакт телефон. Известувањето може да биде со смс порака за бројот на заверката на потврдата, или со телефонско јавување за денот кога треба да се подигнат заверените потврди.

Осигуреното лице без оглед на начинот на кој е известен за заверената потврда, потребното помагало може со доказ за идентификација на лицето на кое му е потребно помагало и бројот  на заверката , да го подигне   истото во ортопедската куќа по сопствен избор.

Со почит,

ФЗОМ

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари