Среќен 7 Април

Почитувани колеги доктори,здравствени работници и соработници, наши пријатели,
Би сакала во мое име и во името на ЗПЛРМ да Ви посакам Среќен 7 Април – денот на здравството!!!
Живееме со многу предизвици, време во кое е тешко да си здравствен работник. Време на Корона вирус – која не ги прескокна ни здравствените работници. Се надевам да сите ќе извлечат поука од овој моментна криза, пандемија во светски рамки.
Нашата држава мора да има државни резерви на маски,дезифициенси,ракавици ,скафандери и се што е потребно сите ние да функционираме заштитени од надворешните агенси.
На сите кои сте во првите борбени редови со Корона вирусот Ви посакувам добро здравје, многу мудрост и многу енергија! Може ќе извлечеме и друга поука да едноставно сите си требаме и само со колегијалност,почит и искреност ќе можеме да опстоиме на овие простори!!!
Со Корона ante portas-може ќе се ресетираат многу нешта во нашата држава на подобро ,посакувам да направиме вистинско електронско здравство, затоа што можеме!
Се надевам да со Корона -ante portas -ќе се врати местото на Докторот во ова наше друштво .
Со почит до сите
Останете со добро здравје Вие и Вашите семејства
Претседател на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолакова Дервишова




