Укажување од ФЗОРСМ
Почитувани,
Замолуваме да им укажете на избраните лекари дека:
– Во услови на важење на времените мерки исклучиво да се придржуваат на насоките дадени во Соопштението за лекарите кое е истакнато на веб страницата на Фондот.
Исто така Ви укажуваме дека одредени избрани лекари испраќаат повеќе мејлови до Фондот за продолжување на боледување за ист осигуреник, односно за секој документ се праќа посебен мејл. На овој начин постои можност предметот некомплетен да се достави до ПЛК.
Поради тоа потребно е да ги известите избраните лекари дека:
-На еден мејл треба да се назначи име и презиме на осигуреникот за кој треба да се проследат документите преку Фондот до ПЛК и да се закачат сите потребни документи во Attach
Со почит,
ФЗОРСМ




