Состанок со ФЗОМ 21.03.2020
Почитувани колеги,
Денес на ден 21.03.2020 година се реализираше средба меѓу ЗПЛРМ,албанско здружение,семејна медицина,ФЗОМ И МЗ.
Се дискутираше за сегашната состојба со Корона вирусот.
Сите матични остануваат да си работат во своите амбуланти
Боледувања да се даваат согласно препораките од ФЗОМ И МЗ.
Почитувани колеги, внимавајте со дијагнозите за кои се издаваат боледувањата.
Од понеделник ќе има пунктови во секој град каде има центар за јавно здравје – за тестирање на пациенти.
Ќе има и промени на Мој Термин,алатки кои ќе ни олеснат при оваа ситуација.
Со почит Др Лилија Чолакова Дервишова
Претседател на ЗПЛРМ




