Листа на дијагнози – категории за ослободување од работа
Почитувани,
Согласно 16-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 11 март 2020 година, во врска со заклучокот под реден број 1, во врска со утврдените категории на лица кои треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби: 1) Хронични респираторни заболувања; 2) Тешки кардиоваскуларни заболувања; 3) Дијабет – ТИП1; 4) Малигни заболувања; и Имуно-компромитирачки состојби, во прилог доставуваме Листа на дијагнози на хронични состојби од Министерството за здравство, добиени во консултација со директорите на Клиниките за ендокринологија, пулмологија, кардиологија и нефрологија.




