Известување од МЗ
Почитувани,
Согласно добиени информации од Министерството за труд и социјална политика како и од надлежните Комисии за туѓа нега при јавните здравствени установи, избраните (матични) лекари погрешно ги информираат пациентите дека за преглед и мислење од лекарската комисија за туѓа нега се наплатува по 1.200 денари од поединечен случај.
Оваа информација не е точна и е спротивна на одредбите на Законот за социјално осигурување како и подзаконските општи акти.
Со цел за правилно информирање за текот на постапката, Ве молам соодветно да ги информирате избраните лекари дека постапката пред надлежните Комисии за туѓа нега е бесплатна.
Однапред ви благодарам за соработката.
Со почит,
м-р Михајло Костовски
државен советник
Министерство за здравство




