Среќна Нова 2020! Viti i Ri 2020!

Почитувани колеги , соработници, здравствени работници и пријатели,
Нека Новата 2020 Година донесе нови радости, добро здравје и исполнување на сите Ваши желби.
Помина уште една многу бурна година, во која вложивме многу труд, прегледи, рецепти, упати – издадени во енормни бројки, успеавме да поместиме нешто околу исплатата и мало покачување на капитациониот бод.
Но ни останаа нашите суштински барања:
1.Пациенти и лиценца на ПЗУ
2.Ако нема медицинска сестра да се промени правилникот и тимот да е составен од администратор и доктор.
3.Секој матичен доктор да има еднакво право за подолготрајно боледување – исто како колега од јавно здравство.
Нашата борба за подобро место под сонце продолжува, целта е да бидеме еднакви пред Законот не само на хартија, туку и во реалноста.
Некој некогаш искреира примарно приватно здравство и таа приказна треба да продолжи и да се развива а не да се уништува. Убавината на животот е кога нештата имаат континуитет.
Само со единство, креативност и искреност можеме да одиме напред.
Голема благодарност до сите новинари кои го следат здравството. Благодарение на Вашата поддршка успеваме да ги промовираме нашите проблеми, но и да поместиме некои нешта на подобро. Само со транспарентност и искреност можеме да дојдеме до целта.
Со почит до сите
Претседател на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолакова Дервишова




