Ситуациона анализа
Почитувани,
Во рамки на континуираната поддршка на Светската Здравствена Организација на Министерството за здравство за унапредување на политиките и здравствената заштита, спроведуваме ситуациона анализа на здравствената состојба и здравствената заштита на старите лица.
Еден дел од анализата опфаќа и истражување на искуствата, перцепциите и ставовите на здравствените работници во однос на неколку од клучните аспекти на фукционирање на здравствениот систем како што се интегрирани здравствени процеси, комуникација, избор, сеопфатност, доверливост и приватност, достоинственост и почит, управување и организација итн.
Кон прашалникот може да се пристапи на следниот линк:
https://forms.gle/QLeF5Lx8BnBRCKHc9
Одговорите се анонимни и доверливи, а одговарањето на прашањата нема да одземе повеќе од 20 минути.
Крајниот рок за пополнување и испраќање на прашалникот е 31 октомври (четврток).
Ви благодарам!
Поздрав,Симона Атанасова




