Потсетување за новите референтни цени на биохемиските анализи

Почитувани,

Ве потсетуваме дека новите референтни цени за биохемиските анализи објавени во Службен весник бр. 153 од 03.11.2011 година со Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за утврдување на референтни цени во специјалистичко консултативната здравствена заштита и исправката на истата објавена во Службен весник бр. 155 од 07.11.2011 година, се применуваат од 1 декември 2011 година.

При тоа, ви нагласуваме дека НЕМА промена на начинот на пресметување на партиципацијата како за лабораториските така и за останатите здравствени услуги. Во важност е постоечката Одлука за утврдување на висината на учеството на осигурените лица во вкупните трошоци на здравствените услуги и лековите која можете како пречистен текст да ја најдете на веб страната на фзом на следниов линк:

Пречистена одлука за утврдување на висината на учеството на осигурените лица

На следните линкови можете да ги превземете одлуките:

11._PRECISTENA_Odluka_za_utvrd_na_visinata_na_ucestvoto_na_osigurenite_lica__95_od_2011

12. Одлука за референтни цени на услуги во спец консултативната заштита 153 од 2011

13. ИСПРАВКА на Одлуката за референтни цени на услуги во спец консултативната заштита 155 од 2011

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари