Преговори со ФЗОМ
Почитувани колеги,
Преговарачкиот тим за примарно здравство имаше разговори со ФЗОМ и ги пренесоа барањата на докторите – казни да има на просечна плата и некој процент од тоа, за да може да функционира ПЗУ-то, да не бидат на капитација, но ФЗОМ единствено што прифати е намалување на казнена политика и тоа казните да бидат петина и третина од капитација и за нешто опомена.
ФЗОМ најави зголемување на капитационен бод дури од октомври а тоа значи дека ќе добиеме зголемена капитација дури во јануари. Други барања за кои се дискутираше на сите претходни средби исто така беше и порамнувањето со исплатата, исто како во јавно здравство, да земаме исплата за истиот месец, а не со каснење од 60 дена веќе 27 години.
На државата итно и е потребно менување на системот за плаќање во примарното здравство, каде матичниот доктор ќе добива средства од фиксен дел за плата кој би бил 2,5 просечни плати, партиципација, превентивни прегледи и кој за што знае и е стручен, дополнително да работи на пример: ехо дијагностика, сутури, местење катетри и др.
Само така ќе ги задржиме докторите. А нашите видувања, нашите визии се совпаѓаат со визиите на СЗО и Светска Банка.
Со почит,
Др Лилија Чолакова Дервишова
Претседател на ЗПЛРМ




