Подготовка за статутарни промени на ЛКМ
Почитувани колеги,
ЛКМ се подготвува за статутарни промени,затоа разгледајте ги со Вашите претставници од градови кои се делегати во собранието на ЛКМ.Бидете конструктивни и дајте добри сугестии во интерес на сите нас да имаме што подобра и појака Комора.Краен рок на доставување на предлозите е 01.12.2011.
Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија на седницата што се одржа на 3.11.2011 го усвои текстот на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Лекарската комора на Македонија, подготвен од Комисијата за измени и дополнувања на Статутот на ЛКМ –формирана од Собранието на Комората. Образложението на понудениот текст изготвен од страна на Статутарната комисија се наоѓа на крајот на текстот.
Во текстот на Статутарната одлука за некои одредби се понудени и алтернативни решенија од членови на Извршниот одбор, а образложенијата за нив се веднаш по предложените алтернативи.
Доколку имате предлози, забелешки и сугестии на Текстот на Статутарната одлука за именување и дополнување на Статутот на Лекарската комора на Македонија, како заеднички став, преку Вашиот општински одбор, може да ги доставите во писмена форма до Извршниот одбор на Лекарската комора до 1.12.2011 година.




