![]() |
ПОЧЕТНА СТРАНА НОВОСТИ МЕДИУМИ И РЕАКЦИИ ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА ЗПЛРМ ДЕНЕСКАеЗПЛРМПРЕЗЕМАЊА КОНТАКТ![]() |
До Министерство за здравство на Р.Македонија Министер Г-дин Имер Селмани П Р Е Д М Е Т Предлог на амандмани на Закон за права и обврски на пациентите: Здружение на приватни лекари на Р.Македонија со цел подобро регулирање на здравствената заштита во Р.Македонија и добро регулирање на односите помеѓу пациентите и докторите на Министерство за здравство му ги предлагаме следниве амандмани на Закон за заштита на права о обврски на пациентите: Предлагаме и сосема нов член: Доколку му дозволува здравствената состојба, пациентот е должен активно да учествува во процесот на лечење и грижа. Тоа задолжение вклучува давање информации на медицинскиот специјалист, сообразно со интелектуалните можности и знаења за: 1. Сите детали, неопходни за правилно дијагностицирање, подготовка на одговарачки план за лечење и остварување на потребната медицинска интервенција, да даде точни информации за историјата на заболувањето, спроведеното лечење примарни лекови и ризик факторите сврзани со неговото заболување; 2. Случаите во кои неговото заболување е од загрозувачки карактер или може да го загрози животот на медицинските специјалисти или сигурноста на другите пациенти. Сметаме дека во предлог законот има многу малку обврски за пациентите затоа и ги предлагама амандманите. Дел од текстот е превземен и обработен од законодавство на земји кои се членки на ЕУ.Со амандманите сакаме пациентот да има поактивна улога во процесот на лечење,освен тоа за одредени болести дел од кривицата е и на самиот пациент. На пример ако се работи за гојазен човек со покачен шеќер во крвта и доколку ние како лекари даваме терапија и совет за диета а тој не се придржува кон диетата дел од одговорноста за болеста е секако и негова. Исто така сметаме дека пациентот треба да има обрвска да достави точни информации за својата здравствена состојба или доколку знае дека боледува од некоја болест заразна да има обврска да го информира медицинскиот персонал.
|
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|