ПОЧЕТНА СТРАНА НОВОСТИ МЕДИУМИ И РЕАКЦИИ ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА ЗПЛРМ ДЕНЕСКАеЗПЛРМПРЕЗЕМАЊА КОНТАКТ НОВОСТИ
22.01.2008 БАРАЊЕ ДО ФОНДОТ Денеска, до Управниот одбор на ФЗО на Македонија беше доставено барање за изземање на девет лекови (генерики) од буџетот на матичните лекари за препишување на лекови од позитивна листа. Преземете го барањето тука.
27.12.2007 БАРАЊЕ ДО ВЛАДА НА РМ Денеска беше доставено барање до Владата на Република Македонија за одобрување на проект за едукација и обучување на лекарите во користење на Microsoft office програмите, интернет и користење електронска пошта како и обезбедување бесплатна интернет конекција за секоја здравствена ординација. Погледнете го барањето тука.
20.12.2007 ОДОБРЕНИ СРЕДСТВА ЗА ЕКГ АПАРАТИ На 30.11.2007 година Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија донесе ОДЛУКА за одобрување на средства за набавка на ЕКГ апарати за потребите на избраните лекари во здравствени установи од примарната здравствена заштита. Повеќе детали во врска со одлуката побарајте тука.
13.12.2007 ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА ЗПЛРМ ЗПЛРМ ги информира своите членови дека во престојниот период ќе им помага во процесот на собирање на потребните документи преку претставниците на Управниот одбор по градовите. За повеќе детали обратете се на некој од претставниците на Управниот одбор најблиску до вас. Информации за членовите на Управниот одбор побарајте во подмени организациона структура.
28.11.2007 ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ЦЕЛИ ПРИФАТЕНИ Денеска официјално е потврдено дека е најдена согласност за уште едно од спорните прашања помеѓу Фондот за здравствено осигурување на Р.М. и Здружението на приваватните лекари на Р.М. Станува збор за новиот интерактивен модел на спроведување на превентивните мерки (цели) во ПЗЗ, со кои драматично ќе се унапреди статусот на превентивната медицина во Р.М. а воедно ќе се обезбеди одлична основа за унапредување на истата. Повеќе детали за новите превентивни мерки побарајте подолу на истава страна.
25.10.2007 РАЗГОВОРИ СО ФЗО, ДЕТАЛИ Во листава подолу се наведени постигнатите резултати од досегашните разговори со ФЗО како и нерешените прашања: Технички подобрувања на договорот: 1.Решение за специјализација за прмарна заштита, за време на специјализација по примарна медицина докторот да може легално да работи со факсимил. 2.Решение за употреба на печатот за време на дежурства. 3.Подрачните единици на ФЗО по наше писмено барање да даваат раскнижни писма за усогласување на фактурите. 4.Подрачните единици да по наше писмено барање даваат список на пасивни пациенти во електронска форма. 5.Редуцирана листа за ампуларна терапија и тоа аmp.Enalapril, amp.Haloperidol, amp Naloxonе, sol.Manitol; Најдено е решение за Tetabulin. 6.Задолжително потпишување на договори со лаборатории. 7.Модифицирана казнената политика на фондот кон здравствените установи, воведување на тростепено скалило во казнените одредби (договорна козна). 8.60 дена рок на плаќање. 9.Регулиран начин на одјавување на пациенти кога му престанува работниот однос на вработениот лекар. 10.Укината доминатна група - секој ги реализира сите цели. 11.Скината обврска за 24 часа за лабораториите. 12.Исфрлено од обврските фондот да води грижа за квалитетот на здравствената заштита. Нерешени прашања: 1.Дефинирање на целите со или без КВП. 2.Број на рецепти. 3.Број на боледувања. 4.Висина на капитационен бод. Погледајте ја анализата на барањето за покачување на бодот. 5.Буџет на специјалистичко консултативна дејност. 6.Број на поени во лаборатории. 7.Партиципација цо специјалистичко консултативна дејност. 8.Партиципација во лабораторија. Во продолжение ве молиме погледнете ги предложените превентивни програми, анализата за потреба од КВП и бенефити од КВП.
25.10.2007 XXI СИМПОЗИУМ НА ЛЕКАРИТЕ ПО ОПШТА МЕДИЦИНА Од 21 до 23 Декември во Скопје ќе се одржи 21-от симпозиум на лекарите по општа медицина на Р.Македонија со меѓународно учество.
15.10.2007 БАРАЊЕ ДО ВЛАДАТА Во рамките на Иницијативата за измени на зконот за регистрирање на готовински плаќања, Член 20а Здружението на приватни лекари во Република Македонија испрати писмо до Владата на РМ во кое се  бара измена во Законот за регистрирање на готовински плаќања (Службен весник на Република Македонија бр. 31/2001 и 42/2003), во членот 20а, став 3 во делот: ...ќе донесе времено решение со кое на даночниот обврзник ќе му забрани вршење на дејност во траење од 30 дена. Барањето за измена на ова Законска мерка е од следниве причини: 1.Здравствените установи според Законот за здравствено осигурување должни се да обезбедат континуирана здравствена заштита на пациентите. Поради специфичноста на дејноста што ја обавуваат примената на Чл. 20а став 3 ќе се одрази негативно по здравјето на граѓаните. Со примената на ова законска мерка се губи континуитетот на пружање на здравствена заштита на пациентите кои во тој период ќе имаат потреба од својот лекар, а ако отидат кај друг лекар ќе треба приватно да платат за извршената услуга. 2.Оваа казнена мерка води кон раскинување на договорите со Фондот за здравствено осигурување и губење на матичните пациенти. Здравствената установа нема само времени , туку и трајни последици по нејзиното работење и егзистенција. Ова пред се се однесува на Здравствените установи од Примарната здравствена заштита чие работење зависи од бројот на прикрепени матични пациенти по кој основ Фондот за здравствено осигурување ги плаќа по таканаречениот модел на капитација. Од горенаведените причини, Здружението на приватни лекари во Република Македонија бара владата уште еднаш да ја разгледа оваа казнена мерка, и изврши измена на член 20а став 3, со која ќе биде изземена здравствената дејност.
10.09.2007 НАЈАКТИВНА НЕДЕЛА ВО ИСТОРИЈАТА НА ЗПЛРМ Поради огромниот број на активности, членовите на Здружението на приватни лекари во Р. Македонија и претседателот Др.Стоје Стојмановски ги прогласија изминативе седум дена за најактивна недела во историјата на ЗПЛРМ. Еве го краткиот список на активностите на членовите на ЗПЛРМ и претседателот Др.Стоје Стојмановски. - На 04.09.2007 во 13 часот, делегација на ЗПЛРМ водеше разговори со менаџерскиот тим на ФЗО во врска со новите договори. - На 04.09.2007 во 16 часот, Управниот одбор на ЗПЛРМ одржа седница после која се испратени писма до Владата на Р.М. и Министерот за здравство. Содржините на писмата се објавени на сајтот на Здружението. - На две одделни работилници во Охрид присуствуваа два наши члена. * На работилницата за изработка на Основен пакет на услуги присуствуваше Др.Стоје Стојмановски од 06.09.2007 до 07.09.2007 * На работилницата за изработка на Закон за медицинска документација и евиденција преку ЛКМ присуствуваше Др.Биљана Огњеновска од 05.09.2007 до 08.09.2007. Извештаи од одржаните работилници ќе бидат доставени до Управниот одбор на Здружението. Претседателот Др.Стоје Стојмановски одржа состаноци и со членовите на Здружението по градови. * 03.09.2007 15 часот Кочани, * 05.09.2007 13 часот Велес, * 06.09.2007 20 часот Охрид, * 07.09.2007 18 часот Битола, * 07.09.2007 20 часот Прилеп.
05.09.2007 ПОДДРШКА ЗА ИЗМЕНИ ВО ЗАКОН ЗА ЗО Здружението на приватни лекари во Р.Македонија го извести Генералниот Секретаријат на Владата на Р.М дека ги поддржува измените во Законот за здравствено осигуривање поднесени од страна на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија.
05.09.2007 БАРАЊЕ ДО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО Здружението на приватни лекари во Р.Македонија на свој редовен состанок донесе заклучок и достави барање до Министерот за Здравство, со цел во иднина да не се издаваат дозволи за работа на Здравствени установи во руралните подрачја каде веќе постои регистрирана Приватна здравствена установа.
25.08.2007 УСВОЕНА ПЛАТФОРМА ЗА РАЗГОВОРИ СО ФЗО Извршниот одбор на Здружението на приватни лекари во Р.Македонија одржа седница на ден 25.08.2007 год. на која што беше усвоена платформа за разговори со ФЗО во врска со склучување на договори за работа во 2008 год. Сметаме дека платформата представува добра појдовна основа за корекција на договорите за работа од 2007 год. кои беа еднострано понудени од страна на ФЗО. Со измена на договорите ќе се подобрат условите за работа на ПЗУ а воедно ќе се подобри квалитетот на здравствените услуги. Платформата ќе биде изложена пред менаџерскиот тим на ФЗО и објавена на сајтот на здружението.
21.08.2007 СТАВОТ ЗА ДДВ ОБЈАВЕН Ставот на здружение на приватни лекари во Р.Македонија во врска со намалувањето на ДДВ за лекови, помошен медицински материјал и ортопедски помагала е објавен во три штампани и еден електронски информативен медиум на ниво на Р.Македонија.
07.07.2007 ИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА ЗПРЛМ На ден 07.07.2007 год. со почеток во 12 часот во Даре Џамбаз се одржа изборно собрание на Здружение на приватни лекари на Македонија. Најпрвин воведен збор даде досегашниот претседател на здружението Др. Јордан Наумов  кој се осврна на активностите на здружението во изминатиов период и на мотивите за спроведување предвремни избори во здружението со цел во здружението да се вклучат и концесионерите. Др. Јордан Наумов нагласи дека изборите се успешно завршени во целата Македонија и дека сега пред нас се наоѓа новиот состав на собранието. Потоа се пристапи кон верификација на мандатите на избраните членови на Собранието на здружението. Откако се верифицираа мандатите се пристапи кон избор на претседател и потпреседател на здружението. Од новиот управен одбор беа предложени:За престедател:          Др.Стоје Стојмановски
За потпреседател:      Др.Никола Панчевски
Kандитатите беа едногласно избрани.

На крај новоизбраниот претседател ја образложи својата програма и видување на понатамошните насоки и активности на здружението.Тој нагласи дека сака од здружението да направи препознатлив бренд на лекарско здружување, да го зголеми влијанието на здружението во градење на здравствен систем во Р.Македонија, да се зголеми влијание на здружението во ЛКМ, Здружението да има посилна медиумска застапеност, активно учество во реформските процеси од областа на здравството, координирана активност со останатите здруженија пред се оние кои се од областа на примарно ниво.