ПОЧЕТНА СТРАНА НОВОСТИ МЕДИУМИ И РЕАКЦИИ ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА ЗПЛРМ ДЕНЕСКАеЗПЛРМПРЕЗЕМАЊА КОНТАКТ МЕДИУМИ И РЕАКЦИИ
02.03.2008 СООПШТЕНИЕ Здружение на приватни лекари на Р.Македонија смета дека матичните лекари што се споменуваат во врска со последните два смртни случаеви укажале соодветна здравствена заштита на пациентите, утврдиле дијагноза, го оцениле степенот на итноста и ги упатиле пациентите на повисоко ниво на здравствена заштита. Сето оваа се има случено поради системски пропусти во приватизацијата во последниве 15 години и нејасно дефинирани обврски, должности и ингеренции на матичните лекари, нејасно пропишани правила на комуникацијата помеѓу здравствените установи. Проблемот настанал како резултат на нејасно пропишани правила на транспорт на пациентите во и помеѓу здравствените установи, односно помеѓу различни нивоа на здравствена заштита. Сметаме дека измените на Законот на здравствена заштита кои ги прави Министерството за здравство со кој ќе се формираат 34 тима низ републикава со изработка на правилници за јасно дефинирање на обврски, ингеренции и соработка помеѓу здравствените установи ќе доведе до решавање на ваквите проблеми во иднина.
12.01.2008 МЕДИЦИНСКИОТ СОФТВЕР ИНТЕРЕСЕН И ЗА МЕДИУМИТЕ Судејќи според статијата објавена во денешниот број на дневникот ВЕЧЕР, прашањето за избор на медицински софтвер не им е интересно само на приватните лекари. За што точно се работи прочитајте на официјалниот веб сајт на весникот ВЕЧЕР тука.
28.09.2007 СООПШТЕНИЕ Здружението на приватни лекари на Република Македонија се оградува и најостро ги осудува приватните лекари кои наплатувале за здравствени услуги што не е во согласност со Правилникот за учество на осигурените лица за плаќање на здравствените услуги односно партиципација. Здружението на приватни лекари на Република Македонија им се извинува на граѓаните на кои им се наплатувани услугите без законска основа. Здружението на приватни лекари и се извинува на г-ѓа Менче Точи и на новинарската екипа на А1 телевизија за грубиот однос на кој наишле во приватната здравствена установа. Здружението има јасен став дека нашето работење треба да биде максимално транспарентно за јавноста заради фактот што извршуваме јавна здравствена дејност. Токму затоа ја почитуваме професионалноста на новинарската фела и го поддржуваме објективното информирање и укажување на проблемите во здравството. Паралелно со нашите настојувања за подигање на стручните, професионалните и етичките стандарди при работењето на докторите Здружението на приватни лекари на Република Македонија е во континуирани преговори со Фондот за здравствено осигурување за пообјективно вреднување на докторски труд. Здружение на приватни лекари на Република Македонија смета дека најголем број приватни лекари работат во согласност со законските прописи. Поединечни случаеви не би требало да се генерализираат иако на нив треба да се укажува. Центар на внимание за Здужението и најголемиот број доктори биле и се граѓаните односно пациентите. Токму затоа не би можеле да се согласиме со констатцијата на на г-ѓа Менче Точи дека приватните лекари ги крадат македонските граѓани, охрабрувајќи ја притоа да продолжи и натаму да укажува на сите неправилностите и проблемите во здравството и нашата работа.    
21.09.2007 СООПШТЕНИЕ Во врска со натписот -Македонските пациенти со виртуелни права- Опфатени се неколку теми па да почнеме со ред: Најпрвин, Одлуката на уставниот суд со која пациентите имаат право да се лекуваат во сите болници и амбуланти. Примена на ваквата одлука во овој момент во Р.Македонија  би довела до колапс на здравствениот систем и ФЗО за само 6 месеци.Одлуката е неприменлива, затоа што досега сме имале анахрон развој и отварање на здравствени установи, односно слабо или никако контролиран здравствен пазар. Во сите земји здравствениот пазар мора да биде контролиран во помал или поголем обем, не е само економијата што треба да го контролира здравствениот пазар. Неконтролиран пазар води кон анархија дуплирање на услуги, пад на квалитет и празнење на здравствената каса неконтролирано. За да стане применлива оваа одлука најпрвин треба да се изработи здравствената мапа во Р.Македонија, да се формира тело за акредитација на здравствените установи за нивните услуги според обем, вид и содржина и според мапата, и да се утврдат референтни цени на здравствените услуги во РМ. Дури тогаш сите здравствени установи кои ќе влезат во мапата може да бидат на располагање на пациентите. Но и тогаш сметаме дека најдобро за пациентите е не тие да одлучуваат за понатамошниот избор каде да продолжат да се лекуваат туку дека е најдобро изборот да го прават по препорака на избраниот лекар. Одлуката на уставниот суд за дополнителната дејност за да биде применлива треба многу добро да се обмисли правилникот за нејзина регулација. Но првин мислиме дека треба исто да се направи здравствената мапа, акредитација и нормативи за тоа колку и што треба да сработи лекарот за платата што ја добива, не ја коментираме висината сега.Сметаме дека дополнителната дејност ке биде полесно применлива со утврдување на натстандарди и воведување на дополнително осигурување. Така да лекарот би можел да обавува дополнителна дејност во ЗУ кои би имале натстандард во однос на установата каде што моментално е вработен. Неплатени придонеси. Здружение на приватни лекари на Р.Македонија ги поздравува заложбите и соопштенијата на ФЗО до фирмите да ги платат придонесите а воедно смета дека треба да се превземат и порадикални мерки кон неплаќaчите. Воедно ги поздравува заложбите на МЗ да во наредната година нема неосигурани лица во Р.Македонија. Здружение на приватни лекари на Р.Македонија смета дека ограничувања на упати и  рецепти треба да постои заради подобро чување на портите меѓу нивоата на здравствената заштита и заради рационална употреба на лековите. Разговорите меѓу Здружението и ФЗО околу бројките се во тек и одат во вистинска насока и се надеваме дека набргу ќе се направи корекција односно ќе дојдеме до вистинските бројки. Воедно се извинуваме на пациентите ако евентуално се соочиле со проблеми во изминатиов период поради тоа ако оваа мерка не била соодветно разбрана и применувана од страна на некои наши колеги. Бубрежно болни. Не може да се коментира дијализа ако комисијата именувана од Министерство утврдила дека во Р.Македонија пациентите добиваат дијализа која ги задоволува стандардите. ОПУ. Здружение на приватни лекари на Р.Македонија активно учестува во изработка на  пакетот кој интензивно се работи но тоа претставува многу обемна работа, работа која треба студиозно да се сработи и се надеваме дека во најскоро време оваа работа ќе биде завршена, се со цел да биде подобро за пациентите. Директорот на ФЗО. Здружение на приватни лекари на Р.Македонија смета дека пациентите се центар на внимание на директорот на ФЗО и дека не им се додворува на докторите туку дека покажува огромна спремност за соработка со докторскта фела и прифаќа конструктивни предлози кои водат кон подобра здравствена заштита на пациентите. Доказ за тоа се и разговорите меѓу ФЗО и Здружението на приватните лекари кои се водат за првпат во Македонија за новите договори за 2008 год. за кои се надеваме дека успешно ќе завршат и ќе добиеме поквалитени договори. Рефундација за негативна листа сметаме дека не треба да постои и е апсолутно оправдана доколку лекот не е на позитивна листа. Закон за права на пациенти. Здружение на приватни лекари е задоволно што Министерство за здравство ги прифати нашите амандмани и што Министерот прифати да паралелно со овој закон се носи и Закон за докторска дејност со што би се заокружила оваа област.
 
 
01