ЗДРУЖЕНИЕ НА ПРИВАТНИ ЛЕКАРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПОЧЕТНА СТРАНА НОВОСТИ МЕДИУМИ И РЕАКЦИИ ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА ЗПЛРМ ДЕНЕСКАеЗПЛРМПРЕЗЕМАЊА КОНТАКТ
А К Т У Е Л Н О
СТОЈЕ СТОЈМАНОВСКИ ПОДПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЛКМ Претседателот на Здружението на приватни лекари во РМ Стоје Стојмановски и господинот Идриз Орана се избрани за подпретседатели на Леакрската комора на Македонија.
СТОЈЕ СТОЈМАНОВСКИ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЛКМ Претседателот на Здружението на приватни лекари во РМ Стоје Стојмановски од денеска е и официјален кандидат за претседател на Лекарска Комора на Република Македонија. Повеќе информации за досегашната рабта на претседателот Стоје Стојмановски побарајте на интернет страната www.drstojmanovski.com.mk
РАБОТИЛНИЦА НА ЗПЛРМ ВО БИТОЛА Од 15 до 16 Март 2008 година во Битола се одржа работилница на Здружение на приватни лекари на Р.Македонија. На работилницита беа разгледани моменталните проблеми со кои се соочуваат приватните лекари, беа утврдени идните правци за активноста на Здружението, се дефинираа темите кои треба да се разработуваат и се одредија координатори за секоја област. Сите заинтересирани членови на ЗПЛРМ кои сакаат активно да се вклучат  во разработувањето на темите да стапат во контакт со координаорите за секоја тема поединечно. Повеќе информации за темите и координаторите побарајте тука
АНКЕТА На работилницата одржана во Битола е донесена одлука за спроведување на анкета на ниво на приватните лекари. Целта на анкетата е да се направи објективна проценка на состојбата, расположението и задоволството кај приватните лекари. Анкетниот лист наскоро ќе биде објавен на сајтот на Здружението од каде претседателите по градовиќе може да го преземат и да спроведат анкета на терен. Секој индивидуален член ќе има можност да биде анкетиран и по електронски пат.
ПОВЕЌЕ ОД 700 ЧЛЕНОВИ, БРОЈКАТА СЕУШТЕ РАСТЕ Денеска, раководството на Здружението на приватни лекари во Република Македонија на чело со претседателот Стоје Стојмановски, објави дека ЗПЛРМ официјално брои повеќе од 700 регистрирани членови и дека бројката, на големо задоволство на сите, сеуште расте.
ЈАВЕН ПОВИК ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА ЗПЛРМ Се повикуваат сите членови на ЗПЛРМ кои ја платиле членарината за 2008 година но до сега не биле контактирани од официјалните представници на здружението, да достават барање на email: ezplrm@gmail.com за конфирмација на нивниот статус. Во барањето пожелно е да се достави потполнета пристапница во која освен основните информации ќе бидат наведени и Форум Член, Лозинка и email. Форум Член и Лозинка служат за понатамошно регистрирање на официјалниот ЗПЛРМ Форум. Адреса на официјалниот ЗПЛРМ Форум е www.zplrm.power-forums.com
ВТОР КОНГРЕС НА ЛЕКАРИТЕ ПО ОПШТА МЕДИЦИНА Од 19 до 22 јуни во Охрид ќе се одржи вториот конгрес на лекарите по општа медицина на Република Македонија со меѓународно учество. Повеќе информации за конгресот побарајте тука
БАРАЊЕ ДО УПРАВЕН ОДБОР НА ФЗО Управниот одбор на Здружението на приватни лекари во Р. Македонија достави барање до Управниот одбор на ФЗО во врска со пресметувањето на буџетите за специјалистичките ПЗУ. Повеќе детали тука
ЗДРАВСТВЕНИ СИСТЕМИ; СВЕТОТ И НИЕ Краток преглед со примери тука
ИЗВЕШТАЈ ОД ОДРЖАНОТО СОБРАНИЕ НА ЛКМ На 28.01.2008 беше одржано Собрание на Лекарската Комора на Македонија. Погледнете ги донесените одлуки во извештајот на Претседателот на ЗПЛРМ Стоје Стојмановски тука
СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО На 23.01.2008 во просториите на Министерство за здравство беше одржана работна средба на Здружението на приватни лекари на Р. Македонија и Министерот за здравство, г-дин Селмани. За што точно се разговараше на средбата, повеќе информации побарајте тука
ЦЕНОВНИК Ценовник за приватни пациенти тука ЗАДОЛЖИТЕЛНА АМПУЛАРНА ТЕРАПИЈА ВО ПЗЗ Листа на задолжителна ампуларна терапија тука НА БАРАЊЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ...Образец C за пријава на сообраќајна незгода тука Лекови што нема да им се рачунаат на лекарите тука Анкета за Кардио-Васкуларни ризици жени тука, мажи тука Астма кај деца од 1 до 3 години тука Деформитети на 'рбет тука
ФОНДОТ НЕ ФАВОРИЗИРА ФЗОМ излезе со јавно соопштение дека не фаворизира ниту едно од понудените софтверски решенија за изработка на новите превентивни програми. Искористете го линкот (сликата ФЗО десно) за да ја посетите нивната страна и да го прочитате соопштението.
СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ! Здружението на приватни лекари на Р.М. на сите свои членови им посакува Среќна Нова 2008 година а на членовите од христијанска вероисповест им посакува и Среќен Божиќ. Причина повеќе за тоа нека биде и веста дека...  па, еве да речеме така: Дедо Мраз не ги заборавил сосема приватните лекари и оваа година. Преземете го годишното обраќање на Претседателот Стоје Стојмановски тука.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВО ФОКУС Побарајте го интервјуто на Претседателот на ЗПЛРМ Стоје Стојмановски во новиот број на ФОКУС што излегува на 28.12.2007 и дознајте повеќе за неговите планови, идеи и активности за 2008 година.

ЕДУКАЦИЈА ЗА ПРИВАТНИТЕ ЛЕКАРИ ЗПЛРМ заврши со едукацијата на приватните лекари во Р.М. Одржани беа 12 предавања во тек на 9 денови а опфатени беа 1000 лекари. Погледнете како изгледаше тоа низ слики.

еЗПЛРМ ON LINE ОД ПОНЕДЕЛНИК, ПРИКЛУЧИ СЕ! Во понеделник на 10.12.2007 започнува акцијата на ЗПЛРМ за регистрирање на своите членови. Истиот ден ќе биде пуштен и официјалниот форум на ЗПЛРМ на кој што регистрираните членови ќе можат да учествуваат со свои мислења, ставови и забелешки. За повеќе информации тука.
СООПШТЕНИЕ Здружението на приватни лекари бара сериозна ИТ фирма која ќе може да понуди современо софтверско решение за обработка на комплексни бази на податоци. Продуктот треба да биде едноставен за користење и флексибилен за понатамошни промени и унапредувања. Треба да постои можност за мрежно поврзување (локално или преку интернет) како и можност за искористување на веќе постоечките бази на податоци. Произведувачот треба да гарантира за сигурноста на податоците и подршка на продуктот.Во исто време Здружението на приватни лекари бара од фирмите кои нудат медицинска опрема, да испратат понуди за моделите и цените на ЕКГ апаратите со кои располагаат. Ги молиме сите заинтересирани да стапат во контакт со Здружението на приватни лекари.
ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ЦЕЛИ ПРИФАТЕНИ Денеска официјално е потврдено дека е најдена согласност за уште едно од спорните прашања помеѓу Фондот за здравствено осигурување на Р.М. и Здружението на приваватните лекари на Р.М. Станува збор за новиот модел на спроведување на превентивните мерки (цели) во ПЗЗ. Повеќе детали побарајте тука.
еЗПЛРМ, ШТО Е ТОА? ЗПЛРМ започнува со акција за создавање на електронска база на податоци за своите членови и формирање на затворен он-лајн систем за меѓусебна комуникација, соработка, информирање и координирање на приватните доктори. Повеќе информации за еЗПЛРМ побарајте тука.
ЗПЛРМ ГИ ПРЕКИНА РАЗГОВОРИТЕ СО ФЗО Здружението на приватни лекари во недела 21.10.2007 најави дека ги прекинува разговорите со Фондот за здравствено осигурување на РМ. Во прилог на барањето за зголемување на капитациониот бод погледнете го документот со анализата тука.
ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРИВАТНИТЕ ЛЕКАРИ ВО Р.М. ДОБИ НОВ ПРЕTСЕДАТЕЛ На 7 јули 2007  година беше одржано изборно собрание во рамките на Здружението на приватните лекари на Македонија. На истото за нов претседател на чело на здружението едногласно беше избран Др. Стоје Стојмановски. Новиот челник на здружението најави многу поактивно учество на оваа лекарска асоцијација во креирањето на реформите во здравството, со напомена дека само преку единствен и координиран  настап на сите лекарски асоцијации на чело со Лекарската комора на Македонија може да се понудат квалитетни и долгорочни решенија на проблемите во македонското здравство. Изборот на новиот претседател на Здружението на приватните лекари беше поздравен и од челниците на другите лекарски асоцијации како и од страна на Министерот  за здравство, г-динот Селмани и од претседателот на Фондот за здравствено осигурување г-динот Ѓорги Тренчевски. На коктелот кој беше одржан по повод изборот на нов претседател, свое кратко обраќање до присутните имаше и министерот Селмани кој направи кратка рекапитулација на се она што е направено во поглед на приватизацијата на примарното здравство, истакнувајќи дека вистинските резултати од приватизацијата допрва се очекуваат.
ОДЛУКИ НА УПРАВНИОТ ОДБОР Новиот управен одбор на Здружението на приватните лекари на Македонија одржа седница на ден 07.07.2007 год .и ги донесе следниве одлуки: 1. Да додели благодарници на Проф.др.Перко Колевски,Проф.др.Алексеј Дума и Др.Миодраг Милутиновиќ; 2.Да се отвори веб страна на здружението; 3.Да се отпочне со електронска комуникација меѓу членовите на управниот одбор; 4.Да се направат контакти со осигурителни компании со можност да се обезбеди осигурување на докторската дејност; 5.Да се побараат списоци од подрачните единици на ФЗО за да може да се ажурира регистарот на лекарите при ЛКМ; 6.Да се побара од ФЗО фиксен датум за исплата на средства; 7.Управниот одбор ги подржа амандманите на Законот за заштита на права на осигуреници што ги предложи Др.Стоје Стојмановски; 8.Раководството да дава отчет за својата работа секоја година.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО КОЛЕГИТЕПочитувани колеги, би сакале да ви пообјасниме еден член од Законот за здравствена заштита на Р.Македонија. Тоа е членот 153 – s,  точка 6   во кој се вели: “Времено одземање на лиценцата за работа може да се изврши најмногу за период од седум години, ако здравствениот работник со високо образование работи надвор од лиценцата за работа што ја поседува или работи во услови за кои нема одобрение за работа издадено согласно со овој закон“ Од горе наведеното јасно се издвојуваат две ситуации во кои законот пропишува одземање на лиценцата за работа: 1.Ако здравствениот работник со високо образование работи надвор од лиценцата за работа што ја поседува и 2.Ако работи во услови за кои нема одобрение за работа издадено согласно со овој закон. Токму со овој член во изминатиов период се случија најмногу проблеми во работата на некои колеги, односно беа утврдени неправилности од страна на Здравствен и санитарен инспекторат на Р.Македонија. Членот е доста ригиден и ригорозен, такви членови постојат и во законите на другите земји, но таму ниеден колега и не помислува: -Да работи надвор од својата лиценца за работа; -Ниту пак да работи таму кај што нема одобрение за работа. Проблемот настанува со тоа што казнената мерка за ваков престап е една единствена и законот е ригиден тука а тоа е одземањето на лиценцата за работа. Затоа уште еднаш апелираме до вас внимавајте на овој член, придржувајте се до законските прописи.
ЛЕКАРСКИ ФРОНТ Иницијатива на актуелниот председател на Здружението на приватни лекари во Република Македонија за заеднички настап на лекарските здруженија и асоцијации од април 2007.Преземи>>>
ЗДРАВСТВЕНА СТРАТЕГИЈА НА Р. МАКЕДОНИЈА 2020 Дознајте повеќе за здравствената стратегија на Република Македонија за сигурен, ефикасен и правичен здравствен систем до 2020.Преземи>>>
ЗОШТО НЕ ПОСТОИ СКРИНИНГ ПРОГРАМА ЗА РАК НА ПРОСТАТА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Националниот Здравствен Систем на Велика Британија нема да ги поканува мажите без симптоми на скрининг за рак на простата. Дознајте зошто. Преземи>>>
MODITEN DEPO ВО АМБУЛАНТИТЕ ОД ОПШТА ПРАКСА Дсикусија за воведување на Moditen Depo како дел од задолжителна ампуларна терапија во амбулантите од општа пракса. Преземи>>>
КРИТЕРИУМИ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ Почитувани колеги во прилог ви ги нудиме Kритериумите за дијагностичките постапки и оцена на привремената спреченост за работа поради болести и повреди или потребата за нега на болен член од потесното семејство. Преземи>>>
 
Site Meter